Потрошил над 37.000 евра за да изгледа како Кен: Сега започнува сопствено производство на кукли!

18 мај, 20180
9

Овој млад дечко до сега имал четири операции – на носот, вилицата и брадата, а ставил и силикони, за што повеќе да личи на познатата машка кукла Кен. Овој изглед, покрај популарност, ќе му донесе вистинско богатство, бидејќи Келсо започнал производство на кукли со неговиот лик.

Келсо Сантебанјес е 20-годишен Бразилец кој потрошил преку 37.000 евра на пластични операции за да личи на партнерот на Барби, Кен.

kelso-santebanjes-1407005804-43364

Овие зафати, освен тоа што му донеле популарност, ќе му донесат и вистинско богатство затоа што Келсо започнува со производство на кукли со сопствен лик.

„Кариерата ја започнав како модел и никогаш не замислував дека еден ден ќе имам линија кукли со својот лик. Сонував да станам човечка кукла, но потполно беше неочекувано дека ќе добијам една направена според мене,“ изјавил Келсо.

kelso-santebanjes-1407005878-43366

Пораснал окружен со кукли, а својата трансформација ја започнал на 16 години, кога за прв пат се пријавил на една ревија.

Како што изјавил неодамна, неговото семејство со години му зборувало дека личи на кукла, па така и ја пронашол инспирацијата за својата трансформација.

Моментално Келсо наплатува по 10.000 долари за појавување како VIP личност, а сега се подготвува за промоцијата на куклите со негов лик во Лос Анџелес.

kelso-santebanjes-1407005938-43368

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *