Сакала да има уникатна тетоважа,но сега се кае поради тоа

31 мај, 2018
2

Канадската манекенка и модел Кет Галингер го изгубила видот на десното око поради тоа што пред неколку месеци решила да го тетовира.

Кет пред неколку месеци решила да го тетовира своето око и да има уникатна тетоважа. Таа решила нејзиното око да има виолетова боја, но сега горко се кае за нејзината постапка.

Gepostet von Catt Gallinger am Mittwoch, 20. September 2017

На нејзиниот Фејсбук профил таа редовно постира слики и информации од нејзиниот проблем кој што с епојавил неколку месеци после тетовирањето. Првично нејзиното око почнало премногу да ја боли и наеднаш почнало од окото да и тече виолетова течност. Таа веднаш отишла на доктор каде што докторите и дале антибиотска маст која што би требало да ја спречи инфекцијата на окото.

Gepostet von Catt Gallinger am Montag, 25. September 2017

Според докторите до овој проблем дошло поради тоа што приборот за тетовирање не бил доволно стерилизиран, но и бојата не одговарала на нејзиниот организам.

-Update–Sclera Stain/Tattoo Procedure Gone Wrong-So I'm supposed to take photos to document any change for doctors,…

Gepostet von Catt Gallinger am Samstag, 23. September 2017

Кет можно е да спаси мал дел од видот на десното око, но за тоа би требало да и се изведе операција. Кет сака што побрзо да си го реши својот проблем, а со самите објави на Фејсбук сака да им покаже на останатите да не се глупираат и никогаш да не прават нешто такво глупаво како што е тетоважа на око.