Секој ден, цели 25 години јаде во Мекдоналдс: “Како сеуште си жив”

27 март, 20180
10

Неговата зависност почнала кога имал пет години и несакал да јаде ништо друго освен храна од ланецот за брза храна. Тогаш докторите го одобриле тоа бидејќи мислеле дека е подобро да јаде нешто отколку ништо…

Британецот Дени Келехер (29) вече 25 години, секој ден јаде во Мекдоналдс. Тоа го прави дури и за Божиќ. Неговото мени се состои од МекЧикен сендвич, пржени компири и кока кола.

Кажува дека таа зависност го осудила на осаменост и дека никој несака секој ден да оди со него во Мекдоналдс.

“Ако некогаш најдам девојка, таа најверојатно ќе мора да работи во Мекдоналдс. Кога станува збор за таква храна, ја сум зависен како од дрога”

Неговата зависност почнала кога имал пет години и несакал да јаде ништо друго освен храна од ланецот за брза храна. Тогаш докторите го одобриле тоа бидејќи мислеле дека е подобро да јаде нешто отколку ништо…

Дени годишно троши околу 4000 евра за јадење во Мекдоналд, а вечерата му е само среден оброк бидејќи после тоа јаде и чипс, пишува The Sun.

Зависноста му прави проблеми и кога патува бидејќи неможе да оди во земји каде што нема Мекдоналдс.

“Сакам само Мекдоналдс, се друго ми штети. Пред две години имав труење и докторите се сомневаа дека тоа може да е од храната. Кога им кажав што јадам секој ден, се чудеа како сеуште сум жив” кажува Дени.

После тоа тој се обидел да јаде ориз и тестенини, но тоа не завршило добро, па повторно се вратил на старите навики.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *