Со голи раце против огромен питон!

31 мај, 2018
10

Кога ќе налеташ на огромен питон и си сам, постои опасност. Може да те угуши, а ако го фатиш на погрешен начин, може да се замота околу тебе и да те убие.
Рубен Рамирез е ловец на змии и неговата мисија е да улови што повеќе питони на подрачјето на националниот парк во Флорида.
Неговата работна задача е да пронајде питон и да го отстрани од паркот. Дел од питоните потоа ги успиваат, а дел завршуваат во едукативниот центар.
Ја сакам борбата со змии, ги анализирам, знам кога ќе нападне, знам што размислува во тој момент – вака Рубен го опишува своето секојдневие.