11 декември, 2018

Радио

На уличните знаци со црвена боја беа испишани имињата на десетте убиени жени…

Израелците денес во целата земја протестираат поради несоодветниот одговор на владата за насилството врз жените.

Демонстрантите ги блокираа главните раскрсници и организираа протест во кој на уличните знаци со црвена боја беа испишани имињата на десетте убиени жени. Во Тел Авив, активистите на плоштадот поставија околу 200 пара чевли обоени во црвена боја со кои што се симболизира насилството врз жените.

Централениот протест се очекува подоцна денес.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху повика да се направи повеќе по темата на ова прашање, но се судри со бројни критики откако минатата недела го посети засолништето за жени каде што побара посилен одговор, но повика на тоа да не гласа за предлогот за формирање парламентарна комисија за истражување на насилството врз жените.

Остави коментар

Почетна // вести // 200 пара црвени чевли: Израелците со овој моќен симбол ја повикаа владата да го спречи насилството врз жените
Горе