БЕЗДОМНИЦИТЕ НЕ МОЖАТ ПОВЕЌЕ ДА СПИЈАТ ПО УЛИЦИТЕ! УНГАРИЈА ОД УТРЕ ТОА ГО ЗАБРАНУВА, СЛЕДУВААТ ПРОТЕСТИ!

15 октомври, 20180
homeless

Уставниот амандман кој им забранува на бездомниците да живеат на јавни површини стапува на сила од утре во Унгарија, и по тој повод беше организиран протест во Будимпешта.

Активистите кои се залагаат за правата на бездомниците велат дека овој амандман нема да го реши проблемот со бездомниците кои спијат на улиците, објави АП.

Директорот на Фондацијата “Засолниште”, Золтан Акна, рече дека се потребни повеќе ресурси за да се спречи луѓето да стануваат бездомници и да се вдомат оние кои веќе се.

Според неофицијални податоци, во Будимпешта живеат околу 30.000 бездомници. Според податоците на унгарската влада, на располагање има околу 9.900 слободни места за сместување и околу 19.000 вкупно. Владата неодамна одвои околу 30 милиони евра за помош на бездомниците. Пред унгарскиот парламент во главниот град, вечерва, повеќе од сто граѓани протестираа против амандманот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi