17 јули, 2019

Радио

Ураганот Флоренс удри во источното крајбрежје на Америка и предизвика голема материјална штета. Стигнаа податоци и за првите жртви, а во целиот тој хаос – Интернетот зборува за еден водител!

Американските метеоролошки служби со денови предупредуваат за ризикот од големи поплави во делови од државите Северна Каролина, Јужна Каролина и Вирџинија поради ураганот “Флоренс”, кој однесе пет човечки животи.

Илјадници луѓе се наоѓаат во засолништа, иако интензитетот на ураганот е намален, бидејќи невремето е придружено со силен дожд и силен ветер. Известувачи од целиот свет се наоѓаат во епицентарот на ураганот, од каде секојдневно се испраќаат прилози за драматичната состојба во која се наоѓаат жителите.

Сепак, едно јавување успеа да предизвика и смеа покрај паниката:

Водителот едвај стои исправено додека известува за ураганот – ветерот го носи, дождот паѓа, вика во микрофонот, а потоа … двајца мажи полека поминуваат позади него.

Погледнете:

Остави коментар

Почетна // вести // БРУКА ВО ЖИВО: Водителот против ураганот!
Горе