Чудо од дете, девојчето почнало да зборува на осум месеци, наскоро научило и да чита, а потоа научниците откриле нешто феноменално!

13 август, 20180
D1

Офелија Морган-Дев беше прогласена за најпаметно дете во Велика Британија. Коефициентот на интелигенција и е 171, додека гении како Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг имале 160.

Малата Офелија го кажала првиот збор на осум месеци и брзо ги совладала броевите, боите и азбуката. Нејзината мајка, Натали, сфатила дека имала паметно дете, а експертите потврдиле дека девојчето е над просекот.

Девојчето се сеќава на она што се случувало околу неа, додека се уште не го прославила својот прв роденден, што е многу чудно, затоа што луѓето обично не се сеќаваат на ништо пред три години.

“Таа сака да чита книги со мене и тато, се игра со броеви и букви на компјутер.Многу е активна, секогаш прави нешто и е жива. Сака да игра со своите врсници во паркот. Таа е убаво девојче, јас само сакам да биде здрава и среќна “, рече нејзината мајка, Натали, за Daily Mail.

Тригодишната Офелија, благодарение на високиот коефициент на интелигенција, стана најмладиот член на Здружението на МЕНСА.

“Многу луѓе, вклучувајќи ме и мене, се срамат да ги прослават интелектуалните достигнувања на своите деца. Сфатив дека не постои никаква разлика помеѓу родителите кои ги слават спортските медали на нивните деца и Офелија заслужува да се пофали, бидејќи таа е многу паметна”, додава мајката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi