Чуварот на зоолошката градина го ослободи слонот, но моментот кога беше ослободен расплака многумина

6 септември, 20180
hqdefault

Кога слоницата Ширли била повредена настапувајќи во циркусот, таа беше однесена во зоолошката градина во Луизијана

Истражувањата во последните години ни овозможија да дознаеме повеќе за слоновите. Научивме дека се фини, нежни животни кои навистина имаат вистински емоции. Можат да се поврзат многу, и можат да препознаат слонови и луѓе кои не ги виделе со години.

Како дознаваме повеќе за овие големи, нежни, социјални суштества, откриваме дека начинот на кој ги држевме овие слонови со години е многу суров. Дури и тие слонови во зоолошките градини, за кои сме се грижеле што е можно најдобро, не се способни да живеат живот ни онака приближно како што би го живееле во дивината.

Во зоолошките градини им недостасува простор да лутаат, а што е најважно е дека им недостасува друштвото на другите слонови. Тие се многу социјални животни и друштвото е многу важно за нивната емоционална здравствена состојба.

Кога слоницата Ширли била повредена настапувајќи во циркусот, таа беше однесена во зоолошката градина во Луизијана.Се грижеле за неа најдобро што може, но таа беше единствениот слон кој беше тука. 22 години. Нејзиниот најдобар пријател беше човекот кој се грижеше за неа, Соломон Џејмс. Го поминувал сето можно време со неа и се грижел таа да знае дека е сакана.

2003 година, зоолошката градина одлучила Ширли да оди во засолништето за слонови во Тенеси. Тоа значеше дека Соломон мора да се збогува со својата пријателка.

“Ќе ми недостасуваш”, рече со солзи во очите. “Но кога го видов ова место, и кажав дека нема да има веќе синџири. Не знам кој прво и го стави ланецот, но мило ми е што ќе го извадам последен. Барем ќе биде слободна. ”

Кога Ширли стигнала во засолништето за слонови, таа била повторно обединета со Џени, слонот кој претходно го знаела од циркусот. Тие две сега се неразделни.

Погледнете ја емоционалната приказна за Ширли и Соломон во видеото подолу:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi