Глувонемото девојче го доби најдобриот пријател – глувонемото куче, и го научи на знаковен јазик

31 август, 20180
hqdefault

Бил потребен само еден поглед и се знаеше дека им е судено да бидат заедно.

Во животот многу значи да имаш најдобар пријател. Можеби ја сакате истата музика или го имате истиот вкус за облека или сакате да се возите со велосипед, одите во истото училиште … Обично ги делите истите погледи на важните работи, како што се животот, љубовта и семејството.

Волтер е мешавина помеѓу чивава и териер и е спасен од азил во Калифорнија. Роден е без чувство за слух, но сепак има многу среќен живот. Сака да брка топчиња и да ја носи својата преслатка сина маичка на линии. Тука може да се види како има насмеано лице со мали опуштени уши и со опавче, со кое што не може да престане да мрда.

Иако е многу неодоливо кутре, беше последен на листата за вдомување. Луѓето не го сакале затоа што имало маана, бидејќи сметале дека ќе им треба дополнителен труд и грижа околу него.

Како и тоа, Џулија (10) е родена како глувонема личност. Нејзината мајка Криси вели дека кога првпат ја  земала своја ќерка во прегратки, поради тоа што ништо не слушала, првото нешто што го направила било да го помириса вратот на мајка и. Кога Криси првпат го подигна Волтер, тој го направил истото. Бил потребен само еден поглед и знаеше дека им е судено да бидат заедно.

Јулија и Волтер брзо станаа најдобри пријатели. Тој седи покрај неа и чека да ја заврши својата задача и стрпливо чека да се играат. Она што е уште поинтересно е дека Јулија го учи знаковен јазик, некои поедноставни зборови како што се седи, храна, вода, а тој многу брзо памти. Тие многу добро се разбираат еден со друг и докажуваат дека во овој свет навистина има некој за секого.

Погледнете го ова видео и откријте ја целата приказна:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi