Има 18 години, а веќе со само ЕДНА порака спасила дури 6 животи!

26 јули, 20180
мм

Еве како тинејџерката, која ја закачила својата порака на мост, за да им помогне на луѓето кои се соочуваат со криза на менталното здравје,спасила шест животи, соопшти британската полиција.

Пејџ Хантер (18) залепи повеќе од 40 пораки на “Вермаут” мостот во Сандерленд. На една од пораките пишува: “Иако работите се тешки, вашиот живот значи, вие сте сјајно светло во мрачниот свет, држете се”.

Шефот на полицијата, Сара Пит, рече дека станува збор за иновативен начин да се доближат до оние што минуваат низ мрачни моменти, пишува Би-Би-Си. Како што рече, важно е да се охрабрат луѓето да разговараат за проблемите на менталното здравје.

– Пејџ покажа невероватно разбирање за загрозените луѓе кои имаат потреба од поддршка. За некој толку млад, покажа вистинска зрелост и сметаме дека само правилно би било лично да и се заблагодариме. Треба да се биде многу горда на себе – рече Питова.

Студенката на универзитетот во Ист Дурам, која исто така и работи, доби пофален сертификат од органите на редот.

– Од кога ги оставив пораките, добив многу коментари од луѓето. Кажуваат дека е навистина инспиративно. Невероватно е каква е реакцијата. Не го направив тоа за себе, туку само затоа што сакав нешто да направам – изјави Пејџ.

Од 2013 година, полицијата на Нортумрија има специјален тим на посветени службеници и медицински сестри за ментално здравје, кој им помага на лицата кои ја доживуваат кризата на ментално здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi