Истрага поради секс на врвот на Кеопсовата пирамида?!

10 декември, 20180
пирамида

Египетските власти започнаа истрага откако еден пар од Данска се искачи на Кеопсовата пирамидата во Гиза и се снимале за време на сексуалниот однос.

На видеото што кружи на социјални мрежи се гледа како парот се се искачува на Кеопсовата пирамида, една од најпознатите туристички атракции во светот.

Кога стигнаа до врвот, девојката веднаш почна да ја соблекува маицата, а на крајот на видеото се гледа дека се во „мисионерска поза“.

Видеото предизвика гнев кај Египќаните, а полицијата започна истрага.

Не е познато дали овој дански пар се уште е во Египет. Иако е започната истрага поради видеото, некои египетски политичари се сомневаат дека можеби станува збор за монтажа и дека воопшто немало секс на врвот на пирамидата стара 4.500 години.

Кеопсовата или Големата пирамида за време на изградбата била висока 147 метри (денес 139 метри).

Според постоечките теории, таа била изградена од околу 100.000 луѓе за повеќе од 20 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *