Ја нарекувале гуштеров здив, имала 6.000 израстоци по телото: И дофрлувале навреди, никој не сакал да ја вработи, сега се оперирала и изгледа вака!

18 септември, 20180
г

Либи водела сосема нормален живот, но кога влегла во тинејџерските години, за краток период и се појавиле над стотина израстоци.

Либи Хафер (45) од Форт Вејн во Индијана се соочува со неврофиброматоза од која боледува од својата петта година. Ова ретко заболување на кожата предизвикува неканцерогени израстоци, поради кои таа веќе имала 10 операции

.Либи водеше сосема нормален живот, но кога влезе во тинејџерски години, во краток период и се појавиле над стотина израстоци. Поради тоа,  трпела малтретирање од врсниците, но и од возрасните луѓе. Сите мислеа дека е заразна и ја нарекува “Гуштеров здив”.

Тогаш во 1993 година остана бремена, а поради хормоните состојбата на кожата дополнително и се влошила. Живеела во хронични болки и имала 6.000 израстоци на телото. Покрај операциите со кои се обидела да ги отстрани, тие постојано се враќале и поради тоа чувствувала болка од глава до пети.

Оваа состојба се пренесува генетски во нејзината фамилија и вели дека ја има и нејзината мајка, но и баба, а нешто помалку од 4.000 луѓе од целиот свет го делат нејзиниот проблем.

– Јас сум во долги ракави и панталони цел живот. Луѓето ми дофрлаат навреди, никој не сака да ме вработи, а и да сакаат јас не можам да работам поради болките. Љубовниот живот, како што можете да претпоставите, не постои – рече таа.

Целиот свет ги виде и нејзините слики, а од 2016 година Либи собирала пари за операција. Неодамна конечно ја собра доволната сума и помина низ оперативен зафат. На светот сега му покажа како изгледа. Навистина е задоволна со резултатите.

– После толку децении конечно без проблеми можам да излезам меѓу луѓето. Повеќе нема злобни дофрлања. Посреќна сум од било кога досега – вели Либи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi