Калифорнија свиткана во црно: Бројот на жртвите од пожарот се искачи на 42, а повеќе од 200 луѓе се водат како исчезнати

13 ноември, 20180
kalifornija

Во некои делови штетата е толку голема што е тешко да се утврди дали има човечки жртви, изјави шерифот.

Најмалку 42 лица ги загубија своите животи во пожарите во Калифорнија, новиот баланс беше објавен ова утро од страна на американските официјални лица, кои додадоа дека станува збор за шумски пожар со најголем број жртви во историјата на САД.

– Откриени се остатоци од уште 13 жртви, така што вкупниот број на настрадани  е 42. Колку што сум упатен, ова е шумски пожар кој што зема најголем број жртви во историјата на САД, изјави шерифот на округот Бјут, Кори Хони.

Тој изјави дека повеќе од 200 луѓе се водат за исчезнати и дека потрагата по нив е отежната.

Во некои делови штетата е толку голема што е тешко да се утврди дали има човечки жртви, изјави шерифот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *