Келнерот отпуштен откако на сметката напишал погрден израз за пар хомосексуалци

23 јули, 2018
гј

Сопственичката на еден римски ресторан, Моира де Лука, го отпушти келнерот кој напишал погрден изразна на сметката на еден хомосексуален пар.Римската група за права “Gay-Centеr” соопшти дека добиле повик од 21-годишниот маж и неговиот дечко, кои се жалеле поради непријатната ситуација што се случиле во ресторанот, пренесе АП.

Римскиот лист “Месаџеро” наведува дека Де Лука изјавила дека ваквиот инцидент повеќе нема да се случи и дека планира да го тужи отпуштениот келнер поради нарушување на изгледот на нејзиниот ресторан.