Кога го посвои имаше само 7 години и 4 килограми: Ќе се зачудите кога ќе видите како ова момче денес изгледа!

4 декември, 2018
Capture1

Оваа американка ја видела фотографијата од неухранетото седумгодишно дете на социјалните мрежи и одлучила да го посвои.

Момчето Рајан Морс (7) беше на работ на смртта во едно бугарско сиропиталиште кога Присила Морс го посвои и му даде уште една шанса за живот. Оваа американка ги видела фотографиите на слабото седумгодишно дете на социјалните мрежи и одлучила да го посвои. Состојбата на Рајан беше многу тешка: имаше само 3,6 килограми, а слабото тело беше покриено со влакна.

Рајан, во домот во Тенеси чудесно се опорави за само 13 месеци – добил 6,8 килограми и воспоставил контакт со неговата околина, иако претходно не успевал.

Покрај тоа што има мал раст, Рајан има и церебрална парализа, но конечно живее среќно. Семејството Морс, покрај посвоеното  сираче од Бугарија имаат уште три деца. Животот на момчето го документираа на Facebook како „Saving Baby Ryan“.