Мажот ѝ бил чуден за време на бременоста, по породувањето дознала и зошто!

26 јули, 2018
ббб

Мажот беше чуден за време на целата нејзина бременост, по породувањето дознава и зошто и тоа сеќавање ќе ја прогонува во текот на целиот живот.
Бабицата  Џоана Ламзден од Ливерпул породила жена со чиј сопруг спиела пред да се роди детето. Мајката на бебето, која сакаше да остане анонимна, им кажа на медиумите дека нејзиниот маж ја запознал оваа бабица на одмор, на кој бил малку пред да дознаат за бременоста.

Изневерената сопруга објаснила дека нејзиниот сопруг се однесувал многу чудно после враќањето од пат, постојано измислувал оправдувања за да го пропушти ултразвукот и прегледите кај докторот, и сето тоа кулминирало кога пронашол изговор да не појде со неа на породување.Но, ова мистериозно однесување се разјаснило неколку часа по породувањето, кога бабицата која го извршила, и открила на родилката дека на нејзиниот сопруг и ттако на детето “му мачкала крема за сончање по грбот”. Подоцна, Џоана наводно ја повикала и и ги раскажала сите детали на аферата.

“Како жена која се радуваше на раѓањето на своето дете, бев изложена на најтешкото мачење, какво што ниту една мајка не може да си замисли. Во сеќавањето ќе ми остане секогаш сликата на бабицата, која го држи моето дете, свесна дека била поврзана со таткото на тоа дете во текот на мојата бременост, “, рече жената, додавајки дека таа слика ќе ја прогонува до крајот на животот, за Британскиот ” Ехо “.

На Британските медиуми целата оваа приказна им беше уште поинтересна поради фактот што Џоана настапувала во тамошната забавната емисија “One Born Every Minute”. Во моментов е против неа започна дисциплинска постапка поради конфликт на интереси, а остана и без работа.