21 септември, 2019

Радио

Девојка сакала да има убава тетоважа, но изгледало како само таа знае како би требала тетоважата да изгледа. Таа се обидела да ја нацрта, но не и успеало.

Сликата на една тетоважа станала вирална, а мајстор што ја направил е прогласен за уметник кој чита човечки мисли и емоции, откако на социјалните мрежи се појавила идејната скица на ова “ремек дело”.

Сиера Алексис имаше јасна идеја за својата нова тетоважа, но, многу ограничен талент за илустрација. Цртежот кој беше однесен во студиото за да покаже што сака изгледаше како цртеж на дете.

И токму како што се случува со детските цртежи, некој ќе види глувче, некој човече, некој дрво, некој раширена раце и топче, фантазијата нема граници.

Сиера се обидела да го објасни “она што уметникот сакаше да го каже”, а потоа можеше да се надева дека ќе разберат каква слика навистина сака на своето тело. Јасно е колку се изненадила кога ја видела неговата интерпретација.

Кога ја ставила сликата на Твитер, нејзините следбеници биле подеднакво изненадени. Се испостави дека уметникот разбрал што замислувала девојката и идејата ја претворил во вистинско уметничко дело, преубаво, силно, симболично.

Сликата од тетоважата на Сиера и цртежите по кои станала позната, споделени се над 60.000 пати, а на лајковите им нема крај. Ако некој се сомневал во тоа дека цртањето тетоважи е уметност – ова ќе го увери.

 

 

 

Остави коментар

Почетна // вести // Му ја даде на артистот за тетоважи ОВАА слика, она што тој и го нацртал е неверојатно!
Горе