НАЈЈАКИОТ ДЕЛ ОД УРАГАНОТ ФЛОРЕНС ГО УДРИ БРЕГОТ НА САД

14 септември, 20180
uragan-tviter

Најјакиот дел од ураганот Флоренс го удри копното и тоа кај местото Рајтсвил Бич во Северна Каролина, соопштија метеоролозите.

Флоренс останува ураган од категорија 1, при што брзината на ветерот изнесува 150 километри на час, пренесува АП.

Метеоролозите нагласуваат дека најсериозната опасност од ураганот претставува количината на врнежи, а не јачината на ветрот, па се очекува дождот да предизвика катастрофални поплави.

Националниот центар за урагани во Мајами предупреди дека Флоренс ќе донесе сериозни поплави на големиот дел од двете Каролини, наведува АП.

Најмалку 70 лица се спасени во Северна Каролина од еден хотел кој беше загрозен од ураганот загрозени, тие се преселени во засолниште и никој не е повреден, изјавија официјални лица од градот Џексонвил.

Компанијата “Дук енерџи” проценува дека до три милиони домови ќе останат без електрична енергија.

„Флоренс“, чиј пречник во моментов изнесува 400 километри, ќе ги погоди деловите на кои живеат околу 11 милиони Американци.

За сега се откажани околу 1.200 авионски летови и приватни метеоролози ја проценуваат економската штета во распон од десет до 60 милијарди долари.

Во Северна и Јужна Каролина, во моментов се наоѓаат службите за итни случаи од Калифорнија, Флорида и делови од Нова Англија, подготвени да влезат во погодените области кога условите го дозволуваат тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi