Најомилен кај животните во Кенија!

23 јули, 20180
кенија

Патрик Килонзо Мвалуа стана најомилен кај животните во Кенија. Тој секојдневно носи вода за да ги напои слоновите, бизоните, антилопите и зебрите.

– Таму нема вода, а животните се целосно зависни од луѓето. Ако не им помогнам, тие умираат – изјавил за “Додо”.

Дупките во кои им става вода често треба да се исчисти, па Патрик и тоа го презема на себе.

Животните веќе се толку навикнати на него што се собеираат кога ќе слушнат дека доаѓаат.

– Синоќа затекнав 500 бизони како ме чекаат покрај дупките за вода. Кога се приближив, можеа да ја осетат вода. Почнаа да ми се приближуваат уште повеќе. Беа толку возбудени што почнаа да пијат додека бев таму – вели тој.

Патрик е, всушност, локален земјоделец, а до идејата да им даде вода на животните, тој дошол кога видел како да умрат од жед.

– Немаме доволно дождови. Претходната година во јули целосно престанаа да паѓаат. Затоа јас почнав да носам вода. Да не сум јас, би умреле – рече Патрик.

Основал и проект за зачувување на дивиот живот “Tsavo Voluntirs”, и во склоп на тоа често посетува локални училишта и ги учи децата за животот во дивината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *