Нееееееее! Истече чоколадо од фабриката

13 декември, 20180
123

Крајно невообичаена несреќа, за многумина срцекршачка…

Можеби требаше за оваа информација да ставиме предупредување: ВОЗНЕМИРУВАЧКО!

Во градот Верл, во западна Германија, имаше невообичаена несреќа кога од локалната фабрика истече чоколадо и ги поплави улиците, па мораа да реагираат пожарникарите.

„Истече отприлика еден тон чоколадо”, соопшти пожарната служба, чии членови се обидувале на секој можен начин да се изборат против невообичаената ситуација.

Улиците околу фабриката биле затворени, а чоколадото ја освојувало територијата, сè додека не се предало на шмрковите и четките.

„Ова е сериозен инцидент, но не се надевајте дека ќе имате бесплатно чоколадо за Божиќ и Нова Година“, духовито соопштија од пожарната служба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *