Непозната жена им ја платила сметката на волонтерите на брзата помош и ги оставила во солзи

30 јули, 2018
Р

Добри, неприметни и хумани луѓе се околу нас, па често имаме чувство дека тие се се помалку. Сепак, тие се таму и не прават нас среќни во денот кога најмалку се надеваме. Тогаш е тешко да се задржат солзите што шест лица на масата во еден ресторан не ги криеа.

Шест волонтери на итната помош ручаа во IHOP ресторанот, кој е познат по палачинки низ Америка. По завршувањето на оброкот ги дочека порака на приемниот пулт што целосно ја промени нивната вечер, а можеби и цела недела. Непознатата жена, инаку лекувана зависничка, им ја исплатила сметката на  странците и оставила порака на која пишувало: “Платено, благодарам за сè што го правите. Ви посакувам убав ден!” Малиот гест ги принудил волонтерите да пуштат солзи и никогаш да не ја заборават таа вечер.

“Имавме многу тешка ноќ, како и утрото, така што оваа порака е нешто најубаво што некој може да го направи за нас”, вели Алиса Голембески, една од членовите на итната помош Томс Ривер.

Голембески побара од менаџерот да се запознае со непозната жена, но таа  сакаше да остане анонимна. Потоа испрати две пораки до непознатата жена.

“Прво, благодарам што ни го плативте појадокот и ни ја поправивте неделата. Не можев да ја сокријам мојата насмевка цел ден.”

“И што е најважно, сакам да ве пофалам што отидовте на рехабилитација и се надевам дека ќе се изборите со болеста каква што е зависноста”.

Иако не е свесна за болеста на зависноста на жената, Голембески напоменува дека зависноста од опијати е особено во пораст во Њу Џерси, што уште повеќе покажува колку нивната порака им значи.