Новото истражување покажа дека кога сте пијани, всушност, сте вистинските вие

11 декември, 2018
пијани

Истражувањето покажа дека вашата пијана личност не е толку далеку од вашата вистинска личност како што вие мислите. Кои сте вие кога ќе испиете премногу алкохол? Можеби анимирате други луѓе, танцувате по масите и пеете на цел глас, а можеби и  се претварате во крал/кралица на драмата, станувате претерано чувствителна личност и сечие рамо ви служи за плачење. Според новото истражување, вашето пијано алтер его воопшто не е посебен идентитет. Тоа сте всушност, вие.

Всушност, иако можеби се чувствувате како друга личност додека пиете алкохол во некој клуб, едно истражување од 2017. година објавено на сајтот Clinical Psychological Science покажа дека вашата пијана страна на личноста не се разликува многу од вашата трезна личност. Во суштина, секој е посебна, единствена личност, без разлика колку чаши текила има испиено.

За истражувањето, научниците од Универзитетот Missouri се обидоа да дознаат дали навистина постои „пијана личност“. Тие конкретно тестираа дали „разликата помеѓу трезната и пијаната личност може да ја воочат пријателите“ за време на друштвена игра. Две недели пред експериментот, истражувачите направија вкупно 156 анкети од учесници кои ги опишаа своите типични трезни и пијани личности. Потоа, тимот им даде на половина од учесниците алкохолен пијалок, а потоа им се придружија на нивните пријатели во лабораторијата за да играат заедно игри кои би требало да ги покажат различните особини на личноста.

Учесниците кои пиеле, во истиот момент ги оценија своите особини, а трезните учесници имаа задача да ги оценат карактеристиките на своите пријатели во трезна и пијана состојба. Додека пијаните учесници ги забележаа своите различни особини додека биле пијани, трезните учесници не забележале големи разлики помеѓу трезната и пијана личност на нивните пријатели. Освен една очигледна работа, пијалокот овие  учесници ги направи поекстровертни.

„Изненадени сме што наидовме на толкаво несогласување помеѓу перцепцијата на пијаните луѓе и како ги оценуваа набљудувачите“, рече главната авторка Рејчел Вајноград од Универзитетот во Мисури.

Зошто луѓето се чувствуваат сосема поинаку кога некој ги гледа? Тоа е веројатно плацебо ефект. Ако имате замислено дека текилата ве прави темпераментни, а виното чувствителни, тогаш тие очекувања ќе се остварат. Всушност, многу импресивно. Наздравје!