21 септември, 2019

Радио

Владата се обидува да ги прилагоди законите поради промената на односот на општеството кон марихуаната и црниот пазар да го замени со регулационен систем.

Во Канада, утринава започна законска продажба на марихуаната, со што оваа држава стана најголемиот легален пазар на оваа психоактивна супстанца.

Неколку часа пред отворањето на многуте продавници за оваа билка, во најисточните канадски провинции Њуфаундленд и Лабрадор, еден федерален официјален претставник изјави за Асошиетед прес дека Канада ќе ги помилува сите кои беа осудени според стариот закон за поседување до 30 грама марихуана. Официјалното соопштение за помилување ќе следи во текот на денот, изјави АП.

Употребата на марихуаната за медицински цели во Канада е лагална од 2001 година, а владата на премиерот Дастин Трудо две години работеше за легализирање на нејзината употреба за рекреативни цели. Владата се обидува да ги прилагоди законите во однос на општеството со марихуаната и црниот пазар да го замени со регулационен систем.

Првата земја која што легализирала марихуана е Уругвај.

Се очекува Канада, земја со 37 милиони жители, да има најмалку 111 продавници за марихуана.

Канаѓаните, исто така,  оваа супстанца можат да ја нарачаат преку веб-страниците и да ја примат по пошта на нивната домашна адреса.

Не е дозволена продажба на марихуана за лица под 19-години, додека провинциите Алберта и Квебек ова ограничување го поставуваат на 18 години. Во Онтарио, вклучувајќи го и градот Торонто, продавниците за марихуана нема да бидат отворени пред зората, бидејќи властите во покраината со најголема популација се уште треба да ги усвојат регулаторните промени.

Остави коментар

Почетна // вести // Од денес луѓето во Канада можат слободно да купуваат марихуана! Сите кои беа осудени за поседување ќе бидат помилувани!
Горе