Овие луѓе вадат пластика од океаните и прават нешто што го носите секој ден!

24 јули, 2018
п4

Станувате наутро. Ако џогирате или одите на тренинг, си ги облекувате своите патики од пластични шишиња и сте направиле два корисни чекори: позитивно сте издејствувале врз своето тело и здравје, сте придонеле океаните барем малку да се ослободат од расфрланиот пластичен отпад. Реалноста не служи да се разубавува. Ништо не е убаво во сцената на пластика која бесцелно плови по океаните и морињата и завршува во стомакот на морскиот свет. Од тука и на нашата чинија. Како ланецот на исхрана сосема да ја смени поентата. Сами го уништуваме, од врвот. Секој пластичен отпад убива дел од животинскиот свет во немите длабочини на океаните и на морињата. Алармантна вест стигна во 2017 година кога една експедиција открила страшни последици од загадувањето на океанот: “остров од ѓубре” од неразградена ситна пластика со големина на две Франции!

Научниците сериозно го свртуваат вниманието на фактот дека количеството на пластика што пловат во огромниот збир на ѓубре во океаните е 100 пати поголемо од пред 40 години. Истовремено, бројот на фитопланктони (ситно растение што плови во морето и океанот)опаѓа, животниот свет е загрозен од отпадот и риболовот, а сега можеме да напоменеме и дека намалувањето на оловната зајаченост ги засилува временските екстреми,и потоплите океани го зголемуваат топењето на Антарктикот.

Еден од најомилените светски бпрендови Адидас и организацијата Парли за океаните здружија знаење и сила за да укажат на драматично загадување на океаните. Резултатите се патики Ultra BOOST Parley и Ultra BOOST X Parley. Овие силуети се направени од инвентивни материјали кои се создадени со обработка на пластика извадена од океанот. Со употребата на овој  материјал, секој нов модел Ultra BOOST Parley и Ultra BOOST X Parley, во просек, спречува дури 11 пластични садови да завршат во океаните.

Аdidas UltraBOOST Parley

Новата серија патики за трчање со големо задоволство ја носи и чуварот на голот на Барса Марк Тер Штеген.

– Живеам покрај морето и се трудам да го поминам слободното време на брегот. Поради тоа, сакам со брендирањето на адидас и организацијата Парли да донирам позитивни промени кои ќе го спречат уништувањето на водата. Ова е голем чекор кон создавање на подобар свет – вели познатиот голман.

“Кој не прави ништо за другите, не прави ништо за себе.” Мислете на тоа кога следниот пат ќе фрлите пластика во река.

Или, уште подобро, мислите на тоа додека бирате обувка која ќе ги задоволи вашите нозе и вашата совест.