Платете со насмевка: Амазон сака да патентира праќање со „селфи“

13 јануари, 20180
Woman taking selfie

Амазон минатата година поднела пријава за патент на плаѓање со „селфи“, а купувачите би требале да стават две слики – едно обино „селфи“ и едно каде се насмеани или или со накривена глава, за да потврдат дека е вистински нивна сликата.

Компанијата веќе ја патентирала технологијата за потврда на идентитет на лица со помош на фотографија или видео, ама тоа не обврзувачки за оваа трансакција.

 

Тие тврдат дека „селфи“ сликите се посигурни од софтвер з апрепознавање на лице, кој често може да се „излаже“ ако пред камерата се стави фотографија од корисникот, бидејќи дводимензионалната слика изгледа исто без оглед дали е фотографија или човекот стои пред камерата.

Во пријавата за патент, Амазон наведува дека поднесување на две фотографии е поедноставно, отколку внесување на лозинка.

„Внесување на лозинката на преносните уреди не е најсреќното решение и може да треба корисникот да го сврти грбот на колегите или пријателите за да може да ја впише, што може да придонесе нелагодност во голем дел случаи“, навел аАмазон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *