Победи 184 ривалки: Погледнете ја девојката со најдолгата коса на светот

14 ноември, 20180
коса

Одета Аутукате (26) од Литванија, победи на  годишниот натпревар „Најдолгата коса во светот“ во Литванија, победувајќи ги 184-те ривалки.

Нејзината коса е долга 156 сантиметри, подолга од голф-палка и може да се замота околу тркалото на автомобилот, објави агенцијата Ројтерс.

– Воопшто не очекував победа, бидејќи долго време не сум ја измерила својата коса – изјави победничката.

На натпреварот во вториот по големина град во Литванија, Каунас, се собраа жени од сите возрасти, а најстарата натпреварувачка имаше 80 години. Одета сè уште е далеку од претходниот апсолутен рекорд на овој натпревар, поставен во 2013. година, кога победничката имаше коса со должина од 245 сантиметри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi