Почина Стен Ли, легендарниот ко-основач на Марвел: Замина креаторот на Spider – man, X – Men, Iron – Men

13 ноември, 20180
marvel

Брзата помош дошла по Ли во неговиот дом на Hollywood Hills и го однела во болницата каде што починал.

Стен Ли, американскиот сценарист на стрипови, уредник, издавач, продуцент, телевизиски водител, актер и бивш претседател на издавачката куќа Марвел комикс, почина на 96 години.

Итна помош дојде по Ли во неговиот дом во Холивуд Хилс и го префрлија во болницата каде што почина, изјави ТМЗ.

Ли во последните години страдаше од воспаление на белите дробови, а имаше и проблеми со видот.

Тој создаде херои како што се Спајдермен, Халк, Фантастичната Четворка, Ајрон Мен, Тор, Икс Мен и многу други. Ли од мала издавачка куќа создаде голема мултимедијална корпорација.

Во далечната 1961. година, Ли го започна Марвел заедно со Џек Кирби и се појави во сите филмови на Марвел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *