Пресуда за Северна Кореја: Кога е за џабе, нека бидат 500 милиони долари

25 декември, 20180
ким

Американскиот сојузен судија во Вашингтон, нареди Северна Кореја да плати 500 милиони долари на семејството на американскиот студент Ото Вармбери, кој почина кратко време откако беше ослободен од севернокорејскиот затвор.

Пресудата на сојузниот судија Берил Хауел е симболична победа, наведува агенцијата AP, бидејќи не постои механизам што ќе ја принуди Северна Кореја да плати отштета.

Вармбери беше уапсен во Северна Кореја во март 2016. година за време на групна посета, под сомнение дека украл пропаганден постер.

Почина во јуни 2017. година, кратко време откако беше ослободен од затворот, каде што, според неговите родители, бил малтретиран.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi