Робот за малку ќе ги убиеше работниците во Amazon

10 декември, 20180
amazon 2

Во магацинот на Амазон во Њу Џерси се случи несреќа кога робот искрши конзерва со спреј за одбивање на мечки и со тоа го загрози животот на повеќе од 80 работници.

Силниот спреј низ вентилација беше разпространет низ целиот магацин, а поради ефектот на спрејот 24 работници завршија во околните болници, додека 30 пациенти добија итна медицинска помош. Спрејот го ослободи роботот кој транспортира полици, што инаку е раширен модел за работа во магацините на Амазон.

Како солзавецот, така и спрејот за одбивање на мечки е направен од екстремно жешки пиперки, а неговото дејство во затворен простор е уште посилен.

„Автоматизираните роботи на Амазон ги ставија луѓето во опасна ситуација по живот, ефектите од спрејот можат да бидат катастрофални“. За повеќе од 80 работници, долгорочните ефекти од несреќата се непознати. Најбогатата светска компанија не треба да си дозволи да ги доведува во  ризик животите на луѓето кои напорно работат“, изјави Стјуарт Апелбаум, претседател на американскиот Синдикат за трговија.

Амазон повеќе пати се соочи со критики поради лошите работни услови и ниските плати на работниците.

Во неговите магацини се вработени околу 575.000 работници ширум светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi