Слушнете како звучи Марс

10 декември, 2018
mars

NASA Sonda InSajt, која од минатата недела се наоѓа на површината на Марс, сними звуци од Марсовскиот ветер со ниска фреквенција.

Видеото e објавено вчера од страна на Центарот за развој на NASA.

Се проценува дека ветрот бил со брзина од 16 до 24 километри на час, а научниците велат дека тоа е првиот звук од Марс што може да го слушне човечкото уво.

„Ме потсетува на седење надвор во ветровито летно попладне. На некој начин, вака би звучело да седите во InSajt  на Марс“, вели Дон Бенфилд, научник од Универзитетот Корнел.

Научниците кои се вклучени во проектот се согласуваат дека звукот е со вонземски квалитет.

Томас Пајк од Кралскиот колеџ во Лондон вели дека звуците се „сосема различни од оние што сме ги искусиле на Земјата“.

Галамата ја направил ветер кој дувал во соларни панели на InSite и на тој начин предизвикал вибрации на целата вселенска сонда. Звуците беа снимени од сензорот за воздушен притисок и сеизмометарот на сондата. Ниската фреквенција се должи на ниската густина на воздухот на Марс, но исто така и на самиот сеизмометар, чија цел е откривање на сеизмички бранови во подземјето. InSajt слета на Марс на 26-ти ноември.