Срби отворија Музеј на чоколадо во Виена

25 септември, 2018
цц

За кратко време овој музеј стана вистинска атракција, а еве што се посетителите можат да очекуваат.

Брат и сестра од Србија, Јована и Бојан Мисаљевиќ, во Виена отворија Чоколаден музеј, во најстариот забавен парк во Европа, наречен Prater.

За кратко време – отворен е пред 10 месеци – стана атракција која се протега на 2.000 квадратни метри, а претставува интерактивен какао и чоколаден свет.

Мисијата на музејот е да се претстави тесна поврзаност помеѓу историјата на градот Виена и вековниот развој на чоколадото.

Актуелната поставка на експонати во воведниот дел на музејот зборува за историјата на Маите, Ацтеките и другите народи, кои имале значајна улога во развојот на какаото.

Во богатото поставување може да се види и како зрното на какаото дошло во Европа, кој е задолжен за неговиот понатамошен развој, односно каква улога има Хабсбуршката монархија во чоколадниот свет.

На поставување на историјата на какаото се надоврзува тропската џунгла која дава впечаток на вистински плантажи каде што фармерите одгледуваат какао.

Посетителите можат да се запознаат со целосната процедура за правење на чоколадо, да запознаат најразлични митови поврзани со него, потоа постапките за обработка и да дознаат разни интересни приказни и најпосле, да пробаат разновидни дневно пржени какао зрна.

За посебниот изглед на музејот придонесуваат и на многубројните чоколадни фигури од областа на културата и историјата, од кои некои се тешки и повеќе од 350 килограми.

Чоколадниот музеј во Виена е атракција во Австрија која се потпира на целосно единствена дигитално-персонализирана технологија која ги забележува посетителите и на крајот им претставува “чоколадна личност”.

Низ игра и користење на инсталации кои преку едукативен и забавен начин ги претставуваат различните аспекти на какаото и чоколадото, посетителите собираат поени преку кои добиваат одреден подарок и уште многу други интересни работи.

Сите посетители на влезот во музејот добиваат нараквици преку кои можат да се регистрираат.