Среќно семејство вдомило девојка од Уганда, кога таа научила англиски им ја открила страшната вистина!

20 јули, 20180
uganda

EAC е агенција за посвојување, која се најде на мета на голем скандал, бидејќи беше откриено дека тие купувале и продавале деца и дека ги лажеле новите родители дека децата немале сопствено семејство.

Голем број деца кои преку EAC агенции можеле да се посвојат или вдомат доаѓале од Уганда. Страшната вистина која се крие зад работата на агенцијата била откриена откако Адам и Џесика Дејвис во 2015 година посвоија 5-годишна девојка, Намат од Уганда.

Намат дојде во Америка преку EAC агенции, а во агенцијата од Охајо на парот му соопштија дека нејзиниот татко е починат и како нејзината мајка ја запоставувала. Според нивните зборови, девојчето ја немало потребната едукација и било малтретирано.

После шест месеци поминати со новото семејство, Намата го научила англискиот јазик доволно за да на Адам и Џесика им ја каже вистинската приказна. Таа не била сираче, имала семејство во Уганда, кое многу го сакала. Намата открила дека нејзината биолошка мајка секојдневно ја следела до училиште.

EAC ги земале децата од мајките и им велеле дека ги испраќаат на образование во Америка. Иако Адам и Џесика Дејвис легално можеле да ја задржат Намат бидејќи имаат хартија за посвојување и не ја купиле како некои други парови, одбиле и девојката била вратена дома, кај мајка и.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi