Ставила 356 кг монети во напуштена фонтана да ги види реакциите на луѓето

21 септември, 20180
ф

Англиската уметничка Ана Браунстед стави 100 илјади монети во напуштената јавна фонтана во Кембриџ преку викендот за да ја изучува човечката природа. Сите пари се украдени само за еден ден.

Монетите во вкупна вредност од 1000 фунти, Ана ги остави во сабота во 8 часот наутро и требаше да бидат таму 48 часа. Меѓутоа, во недела во 9 часот наутро, 99% од монетите исчезнаа од фонтаната, и покрај јасно видливата ознака дека фонтаната е под постојан видео надзор.

Само 1,66 фунти од монетите останаа, но организаторите на социјалниот експеримент тоа не го сметаат за кражба, туку за “провокативен исход”, пишува Oddity Central.

“Тоа беше повик за реакција, провокација”, вели Ана. “Тоа беше експеримент за динамиката на човечкото однесување и на нашите комплексни реакции на некои ситуации”.

Монетите се оставени за луѓето со нивна помош  да дојдат до интеракција, но Ана признава дека била шокирана колку брзо фонтаната останала празна. Сакала да види дали луѓето ќе ги користат монетите за да замислат желба или за себе, а се што ќе остане планирала да донира на локалната добротворна организација.

“Не го сметаме отстранување на монетите за крадење со оглед на тоа дека беа таму за луѓето да дојдат до интеракција со нив, а нивната реакција беше дел од уметничкиот проект”, вели уметничкиот директор Daniel Pit.

“Експериментот имаше провокативен исход, отвори комуникација за човековата природа и ефектот на набљудувачите”.

Вкупната тежина на монетите изнесувала 356 килограми.

View this post on Instagram

#pencesterling #inyourwaycambs @annabrownsted

A post shared by In Your Way (@inyourwaycambs) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *