Свештеникот и рекол на невестата да се помести, а потоа младоженецот и се обратил на НЕЈЗИНАТА СЕСТРА!

19 септември, 20180
дд

Ова е прекрасна семејна приказна …

Приказната за неверојатната поврзаност на две сестри го привлече вниманието на интернетот.

Од моментот кога Хана дојде на овој свет, нејзината постара сестра Ешли знаела дека ќе бидат неразделни. Но, како што Ешли растела, почнала да забележува дека нејзината сестра не е како другите девојки.

Тогаш родителите и објаснија дека Хана има Даунов синдром. Од тој момент Ешли одлучи дека нејзината работа е да ја вклучи своја сестра во сѐ што работи и да ја води со неа каде и да оди.

Тоа навистина стана вистинито кога Ешли почнала да се гледа со Вил. Како што нивната врска стануваше посилна, Ешли јасно истакна дека, каде и да оди, Хана оди со неа.

Наместо да избега од оваа идеја, Вил ја прифати Ешли и нејзината сестра со срце со многу љубов. Знаеше колку на Хана и значи Ешли, а по малку почна да ја сака како своја сестра.

Во текот на годината врската помеѓу Вил и Ешли продолжи да станува сериозна и останал само уште еден чекор – брак. Вил знаеше совршен начин на кој ќе ја побара својата иднина сопруга. Испланира професионално фотографирање на ливада и ги повика Хана и Ешли …

Најпрво клекна на едно колена и ја праша Ешли да се венча за него. Секако дека кажала да! Тогаш се свртел кон Хана и побарал од неа да му биде најдобрата пријателка засекогаш.

Викала од возбуда и била среќна што може да биде дел од таков посебен момент. Желбата на Вил да ја вклучи Хана не беше сеуште готова.

Додека Ешли секогаш гледала на својата сестра како на благослов, Вил почнал да го чувствува истото .

На денот од венчавката, тој сакаше да изговори посебни завети што ги подготви за Хана. Она што го ветил Вил беше сосема прекрасно. Погледнете го ветувањето на Вил во приложеното видео.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi