20 септември, 2018

Радио

Некои луѓе се секогаш подготвени да даруваат на другите. Без оглед дали имаат причина за тоа или не, овие луѓе секогаш се обидуваат да ги направат среќни другите околу себе.

Некои луѓе давањето подароци ги прави среќни, а тоа е нешто што е специфично за човековиот дух.

Брент Вокер е учител во Sheehy основното училиште во Тампа. Бидејќи брзо се приближуваше Велигден, одлучи да направи нешто посебно за своите ученици. Неговиот првобитен план беше да купи пластични јајца и да организира нивен  лов во училиштето.

Кога влезе во продавницата, го промени своето мислење откако виде огромно Велигденско јајце, украсено со играчки и чоколадо. Тој знаеше дека токму таква работа ќе ги изненади неговите ученици.

Брент објави еден прекрасен пост на својот Фејсбук, во надеж дека неговите пријатели ќе пристапат во помош и ќе му помогнат да ги изненади своите ученици. Одзивот што го доби беше неверојатен. Во многу мал временски период се собраа сите пари што му беа потребни за сите одделенија во кои предаваше.

Одлучи да ја помине цела ноќ во училиште, подготвувајќи изненадување за своите ученици. Следниот ден, кога децата дојдоа во училиште, едноставно не знаеја како да реагираат на подароците.

Погледнете ја целата приказна во ова видео:

Easter basket surprise for students

EASTER SURPRISE: 5th-grade teacher Brent Walker asked his friends to help him make Easter extra special for his homeroom students, and they came through in a big way – raising nearly $1,200 in an hour. STORY: https://bit.ly/2pPaTrn

Gepostet von FOX 13 News – Tampa Bay am Sonntag, 1. April 2018

Остави коментар

Почетна // вести // Учителот помина цела ноќ во училиштето, а учениците кога влегоа во училницата следното утро останаа без текст
Горе