20 септември, 2018

Радио

Кога зборуваме за решителност, ова улично куче не сакаше да прифати не како одговор. Не ги тргна очите од автобусот во оваа тешка ситуација. Кутрото куче, сигурно било многу уморно од сето ова, но неговиот труд се исплатеше во крајна линија.

Додека патниците гледале како оваа млада женка очајнички се обидува да стигне до автобусот на Филипините, некој почна тоа и да го снима.

Слаткото куче се појави од никаде и како што автобусот се движеше, тоа почна да трча по него. Со испружен јазик, трчаше најбрзо што можеше за да се обиде да влезе во автобусот. Успелата само да ги стави предни шепи на првата скала и, за среќа, не се повредила.

Патникот, Jypee Barcelinia, рече: “Таа навистина сакаше да се вози со нас. Шест пати се обиде да влезе внатре. Возачот продолжи да вози. Не сакаше да ја пушти внатре затоа што мислеше дека ќе касне некој од патниците. ”

Откако неуспешно се обиде неколку пати да влезе внатре, кога автобусот застана не знаеше што да прави. Беше збунета, бидејќи нешто што одеше толку брзо одеднаш целосно застана.

Видеото потоа го покажува кучето во автобусот во нечиј скут. Изгледа дека возачот застанал, а кучео не сакаше да се заврши патувањето, и им се придружило на останатите. Мисијата е успешно изведена.

Погледнете и сами како ова упорно куче на крајот го добива она што го сака.

Остави коментар

Почетна // вести // Уличното куче очајнички се обидуваше да стигне до автобусот, а потоа автобусот застана
Горе