Во гробница е пронајдено вино старо две илјади години

12 ноември, 20180
wine

Кинески археолози во гробница во провинцијата Хенан пронајдоа течност стара 2.000 години, која може да биде вино , објави Синхуа. Археолозите изјавија дека во запечатениот сад имало околу 3,5 литри жолта течност која што многу мириса на кинеско вино.

Течноста ќе биде тестирана во лабораторија за да се утврди дали содржи алкохол, рече археологот Ши Џашен.

Во гробницата, покрај остатоците од погребаниот човек, пронајдена е и ламба во облик на дива гуска. Виното датира од времето на династијата на Хан (202 п.н.е. – 8 н.е.). Не беше прецизирано како садот бил запечатен и како виното не испарило.

Алкохол од тој период и претходно бил пронајден, рече Ксинхуа, додавајќи дека алкохолните пијалоци базирани на ориз и шеќерна трска чувани во бронзени садови имале важна улога во прославите и ритуалите. Археолозите во 2010. во гробницата во близина на мавзолејот на императорот Чин и неговата армија од теракота, пронајдоа стар сад со супа од 2.400 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *