ВО ЗАТВОРОТ ПРИСТИГНА ПРАТКАТА СО БАНАНИ: На чуварите им беа нешто чудни, а потоа дојдоа до НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ!

25 септември, 2018
бб

„Некогаш, животот ви дава лимон. Некогаш ви дава банани. А некогаш го дава она што најмалку го очекуваш“.

Испораката на банани што се донирани во едно крило на затвор во Тексас е нешто сосема неочекувано!

Sometimes, life gives you lemons. Sometimes, it gives you bananas. And sometimes, it gives you something you'd never…

Gepostet von Texas Department of Criminal Justice am Freitag, 21. September 2018

“Некогаш, животот ви дава лимон. Некогаш ви дава банани. А некогаш го дава она што најмалку го очекуваш” – напишал надлежниот оддел на Фејсбук.

Всушност, работниците што ги подигнале палетите со банани забележале дека нешто “не штима” – биле премногу тешки.

– Еден офицер забележа нешто чудно во врска со палетата. Кога ја расклопил, тој виде нешто сосема сомнтелно – изјави за CNN Џереми Дезел, потпаролот на полициска единица за криминал.

Во кутија пронајдени се 540 пакувања на кокаин, чија вредност е проценета на 18 милиони долари. Бананите ги донираше фирма Port of Amerika од Тексас, но не е јасно кога кокаинот е внесен во испораката.

– Неколку федерални тела сега го истражуваат ова и ова е многу значајно откритие за нив – изјави Дезел.

Ова не е прв случај на трговија со дрога во овошје во Тексас. Претходните години, на граничцата со Мексико откриени се речиси 2 тони марихуана скриени во комерцијална пратка. Вредноста била 789.467 долари.