ЗА ТРИ ГОДИНИ ЗАШТЕДИЛА ДОВОЛНО ДА КУПИ СТАН: И помогнале овие ТРИ ТРИКА, кои сега ги сподели со целиот свет

17 септември, 20180
тр

Нејзиниот начин на организација на платата би можел да ви послужи како добар пример.

Новозеланѓанката Чери Хови го закачи во една група на Фејсбук својот план за штедење, што и овозможил за само три години да заштеди доволно за купување на стан.

Чери ги распределува своите месечни примања во три дела – еден за плаќање на сметките и основните месечни расходи, еден дел за делот од платата што планирате да го потрошите на други расходи, односно трошоци како облека, подароци, посети на доктор и слично, како и еден дел за штедење.

– Мама ме научи на овој начин на организирање на парите и поради тоа во само три години штедење успеав да купам стан во 2015 година, тврди оваа жена.

– Секако, некои непланирани трошоци може да се случат, но сметам дека е добро да се има план, вели Чери.

Иако нејзиното купување на стан можеби е малку преамбициозно за нас, нејзиниот начин на организација на платата сигурно може да ви служи како пример.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *