Заборавете на HAARP

23 октомври, 20180
48EF470F00000578-0-image-a-1_1517937569484

Новата статија објавена во списанието Current Oppinion in Microbiology, сугерира дека масовни колонии на микроорганизми кои лебдат над нас во стратосферата имаат силно влијание врз времето.

Во текот на неколку децении научниците откриле докази за атмосферските бактерии, но ова е првото истражување што сугерира дека овој екосистем влијае на временските услови. Процесот познат како “bioprecipitation“ е прилично едноставен: кристалите на мразот и капките вода полесно се кондензираат околу мембраните на ситните микроорганизми, на тој начин, повеќе микроорганизми на небото значат повеќе врнежи од дожд и облачна покриеност на небото.

Тешко е да се разбере овој процес , бидејќи собирањето на примероци или достигнувањето на горниот слој на атмосферата е скапо и тоа без да се контаминираат примероците со микробите од Земјата, станува речиси невозможно.

Загрижувачко е што оваа студија сугерира дека овој слој на микроорганизми во нашата атмосфера има потенцијал за ширење на болести низ целиот свет, иако некои научници веруваат дека е прерано за таквото тврдење, без никакви податоци што би го поддржале, сепак, како што климата на Земјата продолжува да се менува, разбирањето и препознавањето на улогата на овие атмосферски бактерии станува се повеќе и повеќе важно.

Но, нешто што ова истражување го докажа со сигурност е дека микроорганизмите и бактериите играат важна улога во речиси секој биолошки или природен процес, поголема од тоа што го мислиме. Човечките суштества во основа се плодна земја за микробните колонии, нашите бактериски сопатници имаат големо влијание врз сите видови на функции, како што се метаболизмот, имунолошката функција, па дури и менталното здравје.

Бидејќи нашата земја е наш дом, ние сме дом на многу голем број на бактерии, а на крајот на денот повторно со нашите навики и одлуки влијаеме едни  врз други.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *