Таксист вратил заборавени десет илјади евра

14 јуни, 20180
3

На канадски турист, кој ја заборавил торбата со 10.000 евра во кеш во едно такси во Барселона, парите му биле вратени благодарение на чесниот таксис, соопшти денеска полицијата.

Возачот ја оставил торбата во полициска станица во Барселона откако сфатил дека патникот ги заборавил своите работи, рекла портпаролката на полицијата.

– Полицијата ја отвори торбата во обид да најде информации за сопственикот. Внатре пронајде 10.000 евра во кеш, бебешка облека и канадски пасош, рекла таа.

Полицијата преку пасошот успеала да му влезе во трага на сопственикот и да му ја врати торбата.

– Тој беше навистина благодарен што ги доби парите и работите назад, рекла таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi