Теорија на заговор: Зошто детето кое висело од 4. кат не било спасено од човекот до него, туку од мигрантот кој се искачил до терасата

30 мај, 20180
3

Имено, пред два дена 22-годишниот Мамуду Гасама се качил по терасите до четвртиот кат од зградата и го спасил детето кое висело.

Но прашањето кое се поставува е зошто мажот од соседниот балкон не го спасил детето?

Еден дел од јавноста почнал да се прашува зошто мажот од соседната тераса, кој веќе го држел детето за рака, не го кренал пред Гасама да се качи и да го спушти на безбедно, а веќе се појавиле теории на заговор кои тврдат дека сето ова е изрежирано за да се промовираат мигрантите.

На снимката се гледа дека, во моментот кога Малиецот бил уште на половина пат од детето, на терасата се појавува уште едно младо момче. Тој, додека Гасама се качува по фасадата на зградата, успева да го фати детето за рака и да го повлече кон себе.

Меѓутоа проблемот бил во преградата меѓу двата балкони. На снимката се гледа дека таа му отежнува пристапот на мажот кој бил блиску до детето и дека поради неа не може целосно и безбедно да го повлече. Исто така, јасно е дека не сакал да го ризикува детскиот живот.

Друга причина би можела да биде тоа што, кога тој маж успеал да го фати детето за да може да го крене, Гасама веќе стоел на тересата под која висело детето.

Поради тоа може да се претпостави дека одлучил да го почека парискиот Спајдермен, како што го нарекла јавноста, да се качи на терасата на која висело детето и заеднички да го кренат.

На другата снимка уште појасно се гледа дека мажите заедно го креваат детето за се да мине побезбедно, а им помага уште една жена која исто така се појавила на соседната тераса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi