Тие се во брак, тој има 19 години, а таа 72 години: “Многу е добра во кревет”

23 април, 20180
4

“Ако некого сакаш, годините се само број. Веќе две години сум во брак со сродната душа. Знам дека тој е човекот со кој сакам да го поминам остатоткот од животот”

Гери Хардвик (19) ја запознал Алмеда (72) во пицерија и сега се во брак, па отворено кажуваат за својата врска и за сексот. Мислат дека нивната врска не е чудна иако Гери е многу помлад и од најмалиот внук на Алмеда.

Летото 2016 година, Алмеда не ни сонувала дека же се заљуби во тинејџер додека јадела во познатитот американски ресторан. После само две недели Гери ја запросил Алмеда.

Гери кажува дека завршил несреќна врска со 77 годишна жена и дека во Алмеда, која е баба на 7 внуци, се заљубил на прв поглед. Тие живеат во Тенеси и кажуваат дека се многу среќни.

“Ако некого сакаш, годините се само број. Веќе две години сум во брак со сродната душа. Знам дека тој е човекот со кој сакам да го поминам остатоткот од животот. Штом го погледнав во очите почувствував љубов” кажува Алмеда.

“Прво нешто што забележав кај Алмеда беа нејзините прекрасни очи. Таа има прекрасен карактер, секогаш е насмеана, а хемијата меѓу нас е многу силна. Имаме слични интереси и хоби, а младите жени никогаш не ме привлекувале. И кога имав 13 или 14 години, попривлечни ми беа старите жени. И го кажав тоа на својата баба која ме израсна и малку се плашев од нејзината реакција, но таа го прифати тоа” кажува Гети.

“Првпат водевме љубов вечерта на нашата венчавка. Тоа беше неверојатно искуство. Алмеда е прекрасна љубовница” кажува Гери.

Но некои не ја прифаќаат нивната врска, а меѓу нив е и синот на Амеда кој со својата мајка не разговара откако таа се запознала со Гери. Арон и Индијана Елиот, внуците на Амеда, исто така не се согласуваат со изборот на нивната баба, но кажуваат дека им е важно таа да биде среќна.

“Еднаш кога бев пијан, Гери го нареков дедо” кажува Арон, пишува Mirror.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi