Тие тројца се во брак: Сега очекуваат бебе и еве што им порачуваат на сите

14 март, 20180
5

Адам Лајонс е наречен најсреќниот човек на светот затоа што има две жени.

Адам има две девојки кои се бисексуалки, со кои живее заедно, Брук Шед и Џејн Шалакова. Со Брук веќе има двегодишен син Данте, а семејството сега очекува ново бебе кое треба да го роди Шалакова.

Тројката дели еден кревет, а сметаат дека бебето кое што треба да се роди ќе ужива во вакво семејство.

Лајонс кажува дека со своите две избранички разговарал за целата ситуација. Тој кажува дека нивниот начин на живеење е “иднината на семејствата”. Идната мајка Шалакова (27) кажува дека никогаш не сакала деца се додека не сфатила дека се е полесно со тројца родители.

Брук Шед (28) кажува дека е возбудена поради бременоста на Џејн: “Сакам да разговарам со неа. Секогаш сакав да имам четири синови, тоа е мојот сон”

Џејн и Брук се бисексуалки и сите заедно живеат во Тексас каде што ги школуваат децата во домашно окружување.

Брук кажува дека Адам и Џејн сакаат да добијат ќерка. Додава дека тие сакаат да го направат бракот законски, иако законот не им дозволува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *