Волонтер кој морал рачно да пере 30 тури алишта дневно, нашол начин велосипедот тоа да го прави за него

24 април, 20180
8

Додека еден британски студент волонтирал во афричката држава Бурунди, му дошла интересна идеја што значително би го поедноставила перењето алишта во земјите од Третиот свет.

За време на неговото волонтирање во сиропиталиштето во Бурунди, мала држава во централна Африка, британскиот студент Ричард Хјуит измислил практичен изум за перење алишта – машина за перење на велосипед.

„Една од моите задачи во сиропиталиштето беше рачно перење 30 тури детска облека. За тоа требаше многу долго време и размислував дека мора да постои едноставен начин да се изврши тоа”, објасни тој.

На велосипед закачил буре кое служи како барабан од машина за перење, внатре ставал вода и детергент, а бурето го врти задното тркало на велосипедот. После десет минути возење велосипед, алиштата се испрани. После перењето, алиштата се сушат на истиот начин – се мијат со чиста вода и уште десет минути со велосипедот за алиштата да се исушат.

„Бидејќи луѓето во Бурунди многу возат велосипеди, ми текна дека велосипедот, кој би им служел и како машина за перење би можел да стане мал бизнис. Штеди многу време, енергија и вода, и луѓето на тој начин би можеле да заработат пари”,објасни Хјуит.

Хјуит успеал во тоа, нашол спонзори кои му ја поддржале идејата и ја усовршиле за луѓето во Бурунди.

Уште еден човек на мојата листа, омилени луѓе од светот. Капа долу, дечко. Секоја чест!

httpv://www.youtube.com/watch?v=qCv-cZxEzi8

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi