За време на лет испаднал внатрешниот прозорец од авионот!

24 април, 20180
За време на лет испаднал внатрешниот прозорец од авионот!

Несреќа се случила во авион на компанијата „Ер Индија“. Тројца луѓе се повредени кога непосредно по полетувањето од Њу Делхи, авионот влегол во турбуленции, при што испаднал внатрешниот прозорец покрај седиштето 18-A. Поради опасноста од декомпресија, пред седиштата на патниците испаднале неколку маски за кислород. За среќа, надворешниот прозорец останал во своето лежиште, па благодарение на тоа била избегната голема несреќа.

Патниците што не биле врзани за седиштата во паника веднаш скокнале од своите места, а во тие моменти се повредиле тројца од нив. Еден патник удрил со главата во плафонот над своето седиште, притоа добивајќи полесни повреди. Сепак, пилотот решил да го заврши летот без принудно слетување, а повредените добиле лекарска помош во авионот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=KdauD-fInhE

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi