Бред Пит и Анџелина Џоли повторно на суд!
Холивудските актери не мируваат, туку проблемите ги решаваат во судница!
Најпознатиот пар на светот, Анџелина и Бред, неколкупати се состанаа на суд за да го поделат имотот и да донесат одлука за старателство над децата. Откако преговорите не успеаја, судењето е закажано за декември.
На таа средба судијата ќе пресуди за двата проблеми. Бред и Анџелина беа заедно единаесет години, а се венчаа во 2014 година. Актерката сака целосно старателство на децата. Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Вивијан и Нокс ќе имаат можност да се изјаснат. Бред во овој случај не се согласува со Анџелина , тој смета дека најдобро решение е заедничкото старателство.
Кому ќе припадне старателството ќе дознаеме за малку повеќе од еден месец.
https://www.instagram.com/p/BppNbSig4Ts/?utm_source=ig_embed