Целиот свет во 2018. ја „гуглаше“ неа: Ова е најбараната жена на планетата!

17 декември, 20180
megan 1

Веднаш по неа на листата е Деми Ловато.

Најпопуларниот интернет пребарувач, Google, објави статистика за поимите кои најмногу се „гуглаа“ оваа година.

На глобално ниво, најбараната личност на годината е Војвотката од Сасекс, Меган Маркл. Сопругата на Хари е најбараниот поим оваа година во светот, но исто така и во Обединетото Кралство и неколку земји од Комонвелтот.

Причината за ова, се разбира е венчавката на Меган и принцот Хари. Веридбата ја објавија на крајот од минатата година, а тие се венчаа на 19 мај оваа година.

Актерката која дури и немаше светска слава стана најпопуларната жена во светот кога беше објавено дека ќе стане првата војвотка од Сасекс.

На светската листа на Google, после Меган се наоѓа Деми Ловато, Силвестер Сталоне, Логан Пол и Клои Кардашијан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *