Дејвид Бекам: Зошто Викторија често го нарекува „чудак“

19 декември, 20180
бекам

Дејвид и Викторија Бекам се во брак веќе 19 години, а сега поранешната фудбалска ѕвезда откри што често и пречи на  Викторија во неговото однесување.

Четириесет и шест годишниот Дејвид за ITV1 откри дека страда од опсесивно – компулсивно нарушување и признава дека проблемот ги оптоварува сите во куќата.

– Имам опсесивно-компулсивно нарушување и сè мора да биде совршено наместено или во пар. Ќе ги ставам шишињата со сокови во фрижидерот, но ако ги имам премногу, вишокот уредно ќе го спакувам и ставам  на некое друго место. Кога одам во хотелска соба, пред да се опуштам, морам да ги отстранам сите рекламни материјали од фиоките, како и книгите. Сè мора да биде совршено наместено – објасни фудбалерот.

Дејвид вели дека е исклучително тешко и напорно да се живее со овој проблем и дека направил се што може за да го спречи или да се намали нарушувањето, но дека сето тоа не му помогнало многу. Тој рече дека неговата сопруга, со која има четири деца, понекогаш го нарекува „чудак“ поради нарушувањето.

Инаку, Викторија прва им ја откри тајната на медиумите за нејзиниот сопруг, и во едно интервју истакна:

– Има опсесивно-компулсивно нарушување, кај него сите работи треба да се подредени до совршенство. Ако го отворите фрижидерот, ќе видите дека сè е во беспрекорен ред. Имаме три фрижидери – храна во едниот, салати во вториот и пијалоците во третиот. Во овој со пијалоците сè е симетрично. Ако во него има три шишиња од еден сок, тој ќе го исфрли третото, бидејќи сè мора да биде во парен број – рече г-ѓа Бекам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi